Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Ковачки: Припадниците на единицата „Тигар“ се користат во политички цели

(Видео) Ковачки: Припадниците на единицата „Тигар“ се користат во политички цели
300x250 opst2

Македонската јавност треба да знае дека од страна на министерот Оливер Спасовски, директорот на БЈБ и помошникот директор во одделот за криминалистичка полиција, Оливер Лукароски се врши класична злоупотреба на специјалната единица на МВР – „Тигар“ во партиски цели, обвини денеска, Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Деновиве гледаме енормно и несразмерно присуство на полицијата и на нејзините специјални единици во градовите каде има втор круг на избори. Под плаштот на наводни акции за апсење на дилери на дрога или опасни лица, Спасовски прави класична злоупотреба на специјалните единици и шири страв кај народот“, посочи Ковачки кој додаде дека специјалната единица „Тигар“ е наменета за борба против терористички активности, а не за спроведување и штитење на, како што рече, партиските активности на Заев и Спасовски.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ побара безбедносните служби да работат во интерес на граѓаните и порача дека секоја злоупотреба ќе биде процесуирана веднаш по промената на власта.

„Немојте да си играте и да одите по паметот на давениците Заев и Спасовски. Знаеме дека дел од вас се уценети со вашите позиции, но и со прикривање на дејанија од страна на Спасовски за кои сте лично одговорни. Ги повикуваме чесните полициски службеници да постапуваат во согласност со законските овластувања. Знаеме дека морате да спроведувате наредби со вашите претпоставени, но верувајте дека одговорност за тие раководни структури што прават злоупотреби ќе има веднаш после промената на власта“, порача Ковачки кој го повика народот масовно и референдумски да излезе на изборите во недела.

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села