Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачки: Оваа влада е на власт без мнозинство, има само 59 пратеници

(Видео) Ковачки: Оваа влада е на власт без мнозинство, има само 59 пратеници

Само брзи избори се решение за политичката криза кон која Заев ја турка државата, со насилие и недемократски методи, рече денеска Драган Ковачки, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера Заев мораше да киднапира пратеник, за на одреден период да си го продолжи мандатот и можноста за крадење. Со крајно недемократски средства е вршен притисок врз опозициски пратеници кои ставија потпис за пад на владата на Заев, да се откажат од тоа“, обвини Ковачки.

Тој посочи дека повеќе од 10 часа пратеникот Кастриот Реџепи бил недостапен за јавноста, за неговите сопартијци и членови на семејството.

„За на крај одредени медиуми да изнесат информации дека цело време бил во седиштето на една партија од власта“, кажа претставнкот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Ковачки, од вчера Владата е единствената власт која нема мнозинство, бидејќи, како што кажа, има само 59 пратеници, а е на чело на државата.

„Оваа влада нема легитимитет да продолжи да владее. Тие можат со недемократски методи да присилат уште пратеник, два или три, но не можат да ја променат реалноста. Единствен начин за излез од сите кризи, за стабилизирање на државата и нормално трасирање на патот кон ЕУ може да направи само нова влада во која ги нема криминалците од СДСМ. Затоа потребни ни се брзи избори, за стабилна влада способна за справување со сите кризи“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено