Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Предвремени избори ќе ги продлабочат проблемите, го затвораме ова прашање

Dik 300x250 mk

Предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните туку ќе ги продлабочат затоа го затвораме ова прашање, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција по средбата со коалициските партнери.

Тој го реафирмираше ставот дека следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин, односно во 2024 година.

Во однос на најавите од ВМРО-ДПМНЕ дека ако нема договор за предвремени избори до крајот на летото ќе го блокираат системот, Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања рече дека уцени не прифаќа.

„Тие ги блокира општините откако станаа градоначалници. Во сите градови по првичното фотографирање каде беа промовирани претходни проекти на СДСМ веќе нема ни фотографирање, бидејќи не постојат нови проекти“, рече Ковачевски.

За најавите за блокадатите во Собранието, како што рече, секој може да блокира, но тоа не  е одговорно. Апелираше до пратениците на опозицијата да бидат на ниво на задачата бидејќи законите се од интерес на граѓаните.

На прашањето како ќе функционира државата во време на криза со оглед на несогласувањата со опозицијата, Ковачевски одговори: „Државата ќе функционира како до сега“ и обраложи дека и досега се носат антикризни мерки кои даваат резултати.

Можете да прочитате

Синот на Венко Филипче „заплива“ во бизнис водите – станува трговец на облека на мало

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

Топло и променливо утро со локални врнежи во нашата Македонија