Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Владата го одобри францускиот предлог, првата меѓувладина конференција во вторник во Брисел

Донесовме одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство од 30 јуни, изјави премиерот Ковачевски на денешната прес-конференција по владината седница. Тој нагласи дека со оваа одлука земјата го отпочнува процесот на пристапни преговорите со ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„ Со оваа владина седница заокружуваме објективно уште еден историски чекор за нашата земја. Поради оваа координирана и посветена работа, ние денес имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се заштитени, историските прашања се надвор од истата, а ние сме на чекор од одржувањето на првата меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ“ изјави Ковачевски.

Тој најави дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи веќе во вторник на 19 јули во Брисел.

Можете да прочитате

Давкова: „Галичка свадба” ја отсликува македонската народна традиција и култура

Али Ахмети се сретнал со албанскиот претседател

Пожарите околу Скопје не беа случајни, туку намерно планирана акција вели Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ