Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Кинезите за еден ден изградија зграда од десет ката

(Видео) Кинезите за еден ден изградија зграда од десет ката
300x250 opst2

Кога станува збор за изградба на големи згради на краток рок, кинеските градежни компании се единствени на врвот.

Така, лани работниците во Вухан, во рок од осум дена изградија болница со кревети за околу илјада пациенти со Ковид-19, што предизвика сензација во светските медиуми.

Сега се слави уште еден брз градежен проект. Во Чангши, главниот град на провинцијата Хунан, десеткатница наречена „Жива зграда“ порасна за нешто повеќе од еден ден и е подготвена за вселување.

Според нарачателот компанијата „Брод Груп“, ова е најкраткото време на градба во светот за згради со таа големина. Тоа не е сè. Од користените модули, за рекордно време може да се создаде облакодер висок до 200 ката, а со тоа и простор за живеење за целото село, тврди компанијата во видеото што ја покажува конструкцијата во брзо движење.

Тоа звучи ефтино и малку сомнително кога знаете дека „Брод Груп“ најави модуларна кула со повеќе од 200 ката во 2012 година, која, меѓу другото, никогаш не била изградена поради статички несигурности, се вели во написот за оваа зграда од германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЗ).

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир