Утрински Весник
Свет

(Видео) „Како на Дивиот Запад“ – Собранискиот инцидент во медиумите од соседството

Во Собранието на Северна Македонија дошло до физичка пресметка кога пратеникот на СДСМ-ДУИ, Арбер Адеми со шолји за кафе и шишиња со вода мавал во пратеници од опозицијата, пишуваат медиумите од соседството.

Во нивните написи стои дека тројца пратеници од опозицијата биле повредени за време на инцидентот, кој се случил за време на расправата за правосудниот систем.

„Еден од повредените се здобил со повреди на главата, а двајца ги повредиле рацете“, пренесува хрватски Индекс.

Понижување, насилство и навреди во парламентот, Македонија наместо Европа стана див запад со каубојци на власт“, ​​напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на Фејсбук.

Можете да прочитате

Хамас го повика Иран да не ги напаѓа соседните земји

Израел планира голема копнена инвазија врз Либан

Активирана експлозивна направа во еврејско училиште во Амстердам