За да ги добиеме сите релевантни податоци потребен е комбиниран модел на попис, истакна пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.
„Преку вкрстување на податоците што ќе се добиваат од електронските прашалници на терен со податоците од базите коишто веќе постојат во државата, ќе се добие целосен преглед за податоците кои се неопходни, но, не се опфатени со електронските бази“, рече Каевски.
Наспроти барањето на опозицијата, Каевски го повтори партискиот став дека само електронски попис не е доволен за да се добијат комплетни податоци какви што се потребни според Евростат и меѓународните стандарди.
„ВМРО-ДПМНЕ партијата која денеска бара да спроведеме само електронски попис, во 2019 година силно се противеше кога се носеше воведуваше Централниот регистар на население. Тогаш аргументите им беа дека тоа ќе било замена за попис, дека преку него ќе се спроведувал електронски попис, а денес токму оваа партија бара само електронски попис“, рече Каевски.