Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Обвинителство да ги истражи сите наводи за Мицкоски за рекет и закани кон бизнисмени

Откако во јавноста излегоа сведоштва за наводен рекет и закани од страна на Христијан Мицкоски, сега на ред е Јавното обвинителство. Овие сериозни обвинувања за нови криминални шеми на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски доаѓаат од актуелен градоначалник на скопска општина и од долгогодишен бизнисмен, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додаде дека јавноста преку судските пресуди виде за каков се криминал е способна ВМРО-ДПМНЕ, но очигледно и по пресудите во оваа партија ништо не се менува. Затоа, надлежните институции, првенствено Јавното обвинителство мора да постапи и да ги истражи овие наводи.

Мицкоски мора да знае дека заврши времето кога некој беше недопирлив и над законите, Денес правдата законот важи за сите, а правосудниот систем работи ефикасно и ослободено од политички притисоци, изјави Каевски.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?