Утрински Весник
Македонија
Img 7972

(Видео) Каевски: Над 1.2 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ троши за партиски вработувања во 5 општини

(Видео) Каевски: Над 1.2 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ троши за партиски вработувања во 5 општини
300x250 opst2

Додека СДСМ преку Владата којашто ја предводи презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и одговорно штеди, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ расипнички се однесуваат со парите на граѓаните. Во време на голема криза, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, бараат пари од Владата а безмилосно ги трошат општинските пари само на партиски вработувања, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додаде дека само пет скопски градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, односно градоначалниците на Скопје, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Гази Баба ќе потрошат над 1,2 милиони евра за вдомување партиски кадри. Во Скопје 670 илјади евра, во Бутел 200 илјади евра, во Ѓорче 133 илјади евра, во Карпош 75 илјади евра, во Гази Баба 160 илјади евра среде криза.

Каевски додаде дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, таа останува партија симбол на криминал и расипништво, партија која не може да донесе ништо добро ниту за граѓаните, ниту за општините.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги пренаменат овие 1,2 милиони евра наместо за партиски вработувања да се насочат за потребните на граѓаните, изјави Каевски.

Можете да прочитате

Филипче од Кривогаштани: Жалосно е што во Пелагонија родот се истура по улици

14-годишното девојче кое по 22 часа на ден беше заклучено во затворот Идризово за да не се види со осуденичките е префрлено во воспитно-поравен дом каде е сама

По смртта на Панчо Минов, носител на листа за независни советници е неговата ќерка