Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Институциите да го истражат скандалот со Мицкоски – нелегалниот асистент по јавни набавки на Арсовска

(Видео) Каевски: Институциите да го истражат скандалот со Мицкоски – нелегалниот асистент по јавни набавки на Арсовска

По изјавите на Мицкоски дека преговарал и договарал зделки за набавка на автобуси во име на Данела Арсовска, основан е сомнежот за корупција. Ги повикуваме сите надлежни институции, да го истражат овој случај и да не дозволат криминал и корупција, изјави пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

„ Вмешаноста на нелегалниот асистент по јавни набавки на Данела Арсовска, Христијан Мицкоски треба да биде расчистена. Сите надлежни институции, Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство за организиран криминал, треба да постапат по јавно изнесените информации од страна на Мицкоски и да ги истражат. Никаде во светот претседател на политичка партија не преговара за јавни набавки кои се во надлежност на единица на локална самоуправа. За секоја јавна набавка особено од ваков обем постојат законски процедури кои подразбираат јавен повик, тендерска документација и потоа избор на најповолен понудувач согласно критериумите.

Тој ја обвини Арсовска дека го прекинала проектот Бас рапид транзит и се откажала од 70 милиони евра, пари од Европската банка за обнова и развој.

Според Каевски, тврдењето на Мицкоски дека понудувачот е веќе најден и дека се подготвува и тендерска документација укажува дека постои можност зделката да е веќе договорена на незаконски начин.

„ Ова е исто како набавката на кинеските автобуси кога државниот буџет бил оштетен за пет милиони евра. Комисијата за јавни набавки наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, продолжила со постапката и ја избрала кинеската понуда, иако имало понуда од друга фирма, која била за неколку милиони евра пониска. За овој скандал веќе се водат судски процеси. Тоа се резултатите на „заробената држава“ која ја создаде оваа партија. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија со истиот криминален начин на размислување“ порача Каевски.

Можете да прочитате

Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“