Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: ДПМНЕ е доказ како голтарска партија преку криминал може да стане најбогата во Европа

(Видео) Каевски: ДПМНЕ е доказ како голтарска партија преку криминал може да стане најбогата во Европа

ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од голтарска партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој пред седиштето на опозициската партија порача дека „белата палата“ е симбол на криминалот, корупцијата и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од мала ‘жолта куќа’ до ‘бела палата’ на 7 спрата вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, со скап мебел, теписи и уметнички дела. Побогата од партијата на Ангела Меркел, германската ЦДУ.

Христијан Мицкоски е исто така класичен пример за тоа. Влезе голтар во политиката, па стана советник на Никола Груевски и сопственик на хидроцентрали и бизниси“, посочи Каевски.

Според него, бројните судски пресуди против некогашни функционери на партијата, како и предмети кои уште се пред судовите во државата покажуваат како ВМРО-ДПМНЕ го стекнала овој имот.

„ВМРО-ДПМНЕ освен што е симбол за криминал и расипништво, е партија симбол на енормно богатење на поединци преку ноќ“, нагласи претставникот на СДСМ.

Можете да прочитате

СДСМ: Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ продолжуваат преку Шилегов

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски?