Утрински Весник
Магазин

(Видео) Италијански нуркачи два часа спасувале кит заплеткан во нелегални рибарски мрежи

кит мреза

Припадниците на италијанската крајбрежна стража и нуркачите успеале да го ослободат китот што се заплеткал во рибарските мрежи во близина на островот Липари, северно од Сицилија.

Биолозите од организацијата за заштита на животните „Филикуди“ забележале кит кој се борел да излезе од рибарските мрежи и ја известиле крајбрежната стража.

На нуркачите им биле потребни два часа за да ги пресечат сите мрежи, за кои велат дека се нелегално поставени во областа, а кои биле завиткани околу морското животно.

Китот поминал неповреден, а по акцијата на спасување, тој се придружил на групата од три китови кои го гледале спасувањето одблизу.

Текстот (Видео) Италијански нуркачи два часа спасувале кит заплеткан во нелегални рибарски мрежи е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Мбапе не може да вози автомобил обезбеден од Реал Мадрид

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка