Утрински Весник
Свет

(Видео) Ирански полицаец убиен за време на протестите поради недостиг на вода во таа земја

(Видео) Ирански полицаец убиен за време на протестите поради недостиг на вода во таа земја
Dik 300x250 mk

Во Иран веќе шест дена по ред траат континуирани протести на улиците.

Ирански полицаец е убиен за време на немирите во југозападниот дел на земјата, кои избувнаа поради недостиг на вода, објавија денеска државните медиуми, па бројот на починати во немирите се искачи на двајца, пренесуваат агенциите.

Пукањето во кое беше убиен полицаец се случи во градот Машар, додека друг полицаец беше ранет во ногата, објави државната новинска агенција.

Во Извештајот за убиството на полицаецот се обвинети демонстрантите, но не се наведени детали.

Според иранските медиуми, уште еден човек е убиен на протестите.

Во Иран веќе шест дена траат протестите, во провинцијата Кузестан, каде живеат Арапи кои се жалат на шиитската дискриминација.

Можете да прочитате

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи

Масакр во Судан: Убиени над 2.000 цивили

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите