Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Инцидент на аеродром во Русија: Се запали мотор на авион при полетување кон Ереван

(Видео) Инцидент на аеродром во Русија: Се запали мотор на авион при полетување кон Ереван
Img 7972

За време на полетувањето на авионот на компанијата „Јутер“ од Тјумен за Ереван, моторот се запалил, па авионот бил вратен на паркингот и летот е откажан, пишуваат руските медиуми.

На интернет се појавија снимки од инцидентот на кои се гледаат искри под левото крило на авионот. Информациите за настанот беа потврдени од аеродромот „Рошчино“ во Тјумен.

Според помошникот началник на Централниот меѓурегионален истражен оддел за сообраќај на Истражниот комитет на Русија, Дмитриј Захаров, во инцидентот нема повредени, а исто така нема видливи оштетувања на леталото. Се утврдуваат сите околности на инцидентот.

Подоцна медиумите објавија дека патниците кои утринава биле извадени поради дефект на авионот полетале до дестинацијата со задоцнување од повеќе од 10 часа.

Авиокомпанијата ја демантираше веста дека моторот експлодирал, нагласувајќи дека компресорот бил испумпан, поради временските услови и дека во интерес на безбедноста пилотот донел одлука да се врати на паркингот.

Можете да прочитате

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати

Грета Тунберг „влечена по земја“ и „принудена да го бакне израелското знаме“ – сведоштва на активисти по акцијата во Газа

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје