Утрински Весник
Свет

(Видео) Индонезиската морнaрица бара начин да ги извади остатоците на подморницата и телата на морнарите

(Видео) Индонезиската морнaрица бара начин да ги извади остатоците на подморницата и телата на морнарите

Денес, индонезиската морнарица се обидува да открие како може да ги отстрани остатоците од подморницата од дното на Балиското Море и телата на 53 морнари кои настрадаа.

Подморницата „КРИ Нангала-402“ од германско производство, откриена вчера на морското дно, се скршила најмалку на три дела, четири дена откако беше изгубен контактот со него, додека се подготвуваше за вежба за торпедо, објави „Ројтерс“.

Роднините се собраа на брегот на морето на Бали за да им оддадат почит на морнарите кои загинаа и ги повикаа властите да ги извадат нивните тела.

Експертите велат дека подигнувањето на подморницата на површината од длабока вода ќе бара посебна опрема за спасување.

Портпаролот на индонезиската морнарица Џулиус Виџојоно изјави дека за операцијата за извлекувањеа сè уште се разговара со експерти и меѓународни тела.

Индонезискиот претседател Јоко Видодо им изрази сочувство на роднините и вети дека државата ќе го финансира образованието на децата на загинатите морнари.

Можете да прочитате

„Ќе го нападнеме Иран толку силно што нема да може да се обнови никогаш, ќе има смрт и оган над нив“ – Дали Трамп суптилно се заканува со нуклеарно оружје?

Во Израел повредени над 190 лица по вчерашните ирански напади

Иран: САД нè нападнаа, преговорите повеќе не се опција