Најмалку осум лица загинаа во поплавите предизвикани од рекордните врнежи во Њујорк и Њу Џерси, пренесува Си -ен -ен.
Имено, остатоците од ураганот Ида, кој викендов дивееше во американската држава Луизијана, донесеоа рекордни количини дожд и големи поплави.
Во Њујорк, по прв пат во историјата беше издадено предупредување за поплава.
https://www.youtube.com/watch?v=IGIW-o5C0lI
Во Централ Парк за еден час наврнале 80 милиметри дожд на метар квадратен, што е второ најголемо количество дожд некогаш забележано на таа локација.
Според американската управа за океани и атмосфера (НОАА), ваков дожд паѓа еднаш во 500 години.
https://www.youtube.com/watch?v=tEPUHpN-sco
„Вечерва сме сведоци на историско невреме со рекорден дожд, брутални поплави и опасни услови на патиштата“, напиша градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио на „Твитер“.
„Ни претстојат тешки неколку часа. Никогаш не сум видел толку многу дожд да падне за толку кратко време“, додаде тој.
Rainfall from tropical storm Ida gushing into the New York City subway pic.twitter.com/7wBH5qtM1U
— David Begnaud (@DavidBegnaud) September 2, 2021
Градоначалникот ги повика луѓето да не излегуваат надвор.
„Ве молиме, останете подалеку од улиците вечерва и оставете ги нашите служби за итни случаи да ја завршат својата работа. Ако размислувате да излезете, немојте. Останете подалеку од метрото. Тргнете се од улиците. Не возете на ова лошо време. Останете дома“, напиша тој на „Твитер“.