Утрински Весник
Магазин

(Видео) Излезе првиот трејлер за „Аватар: Патот на водата“

Dik 300x250 mk

Трејлерот кој многу фанови го чекаа конечно е тука.

„Дизни“ го објави првиот официјален тизер за долгоочекуваното продолжение на научнофантастичниот спектакл „Аватар“, и се чини дека вредеше да се чека.

Трејлерот започнува со главниот лик Џејк Сали (Сем Вортингтон) како јава крилести банши кон нова локација опкружена со азурно сина вода. На гледачите подоцна им се прикажува нов лик како плива, како и воодушевувачки сцени со Нави под вода.

Сместен повеќе од една деценија по настаните од првиот филм, продолжението со наслов „Аватар: Патот на водата“ (Avatar: The Way of Water), ја раскажува приказната за семејството на Сали, неволјите што ги придружуваат и битките што ги водат за да останат живи.

Филмот, во режија на Џејмс Камерон, треба да излезе кон крајот на годината.

Можете да прочитате

По десет години љубов, Саша Ковачевиќ и предложи брак на Зорана Тасовац

Ретроградниот Меркур веќе ги покоси овие 4 знаци: Штом ќе започне хаосот и конфликтот, треба да го направите следново

Самоубиство на млада Тикток ѕвезда ја потресе јавноста: Почина Еман Атиенза