Утрински Весник
Свет

(Видео) Значителни штети по цунамито во Тонга, САД и Нов Зеланд нудат помош

(Видео) Значителни штети по цунамито во Тонга, САД и Нов Зеланд нудат помош
Dik 300x250 mk

Цунамито предизвикано од вулканската ерупција во островската држава Тонга предизвика значителна штета во главниот град на архипелагот.

Како што изјави премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн, заканата е помината.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами синоќа соопшти дека заканата од цунами поминала за пацифичките земји, но дека во наредните часови се можни мали промени во нивото на морето.

Цунамито сериозно го погоди северниот брег на Нукуалофа, каде што чамци и големи камења беа исфрлени на брегот, но нема информации за жртви, рече Ардерн, без да каже дали другите острови во архипелагот се оштетени.

Новозеландската премиерка додаде дека во моментов нема значителна ерупција и дека пепелта престанала да паѓа, но не може да се исклучи понатамошна вулканска активност. Таа понуди и помош од нејзината држава.

Во меѓувреме, САД соопштија дека се подготвени да испратат помош за своите пацифички соседи.

Вселенската снимка го покажа времето на ерупцијата на вулканот Хунга Тонга-Хунга Хаапаи во петокот на еден од ненаселените острови Тонга.

Ерупцијата предизвика цунами што го зафати брегот на Тихиот Океан од Јапонија преку САД до Перу.

Можете да прочитате

Министерството за сообраќај на САД: Воздушниот сообраќај може целосно да запре поради буџетската криза

Џаред Кушнер пристигна во Израел на разговори со Нетанјаху за Газа

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп