Утрински Весник
Свет

(Видео) Зеленски пред Европскиот парламент: Ја докажавме нашата сила, а вие докажете дека нема да не оставите

(Видео) Зеленски пред Европскиот парламент: Ја докажавме нашата сила, а вие докажете дека нема да не оставите

Володимир Зеленски, претседател на Украина, се обрати пред Европскиот парламент, а членовите му аплаудираа на Зеленски додека стоеше по неговиот говор.

Зеленски во својот говор се осврна на ракетирањето на плоштадот во Харков.

– На плоштадот се собра народ. Тоа е најголемиот плоштад во Европа, а две ракети го погодија Плоштадот на слободата.

Ние се бориме, се бориме само за нашата земја и нашата слобода. Од денеска секој плоштад кај нас ќе се вика „Плоштад Слобода“. Никој нема да не скрши. Ние сме Украинци – рече Зеленски.

– Нашите луѓе се многу мотивирани, се бориме за нашите права, нашите слободи, нашите животи. Сега се бориме за опстанок. Тоа е најголемата мотивација. Но, ние се бориме да бидеме рамноправни членки на Европа. Верувам дека денес на сите им покажуваме дека сме токму тоа.

Ја докажавме нашата сила, дека сме минимално како вас. А вие треба да докажете дека сте со нас, дека нема да не оставите, дека сте навистина Европејци, и тогаш животот ќе ја победи смртта. Слава на Украина – заклучи Зеленски.

Можете да прочитате

Претседателката на Молдавија: Русија сака да нè претвори во отскочна даска за напади во ЕУ

Израел со ракетен напад врз главниот град на Катар, гаѓал лидери на Хамас

Северна Кореја одбележува 77 години од основањето со повик за единство и самостојност