Утрински Весник
Магазин

(Видео) Зелвегер открива зошто ставила само неколку килограми за „Бебето на Бриџит Џонс“

377c405c00000578 0 image a 175 1471861032231 768x461

 

Рене Зелвегер е на листата холивудски sвезди кои ги трансформираат своите тела за улоги. Некои актери влегуваат во неверојатна форма за да играат суперхерои, додека други пак радикално ја менуваат телесната тежина.

Актерката славно го смени изгледот во улогата на Бриџит Џонс во блокбастерот „Дневникот на Бриџит Џонс“. Физичката трансформација на оскаровката не беше ни приближно толку драстична кога ја повтори улогата во третото продолжение на серијалот.

Зелвегер стави над 14 килограми за романтичната комедија од 2001 година, според „Си-би-ес њуз“. Таа ја играше 32-годишната Бриџит, жена решена да преземе контрола над својот живот.

Зелвегер ја врати тежината што претходно ја изгуби за вториот дел „Бриџит Џонс: На работ на разумот“ (2004 година). Публиката го виде следното поглавје од животот на Бриџит каде тежината и имиџот на телото продолжија да бидат главен фокус во нејзиниот живот.

12 години откако љубителите на филмот последен пат ја видоа Бриџит и шест години откако таа се оддалечи од Холивуд, актерката ја повтори улогата во „Бебето на Бриџит Џонс“. Сепак, овој пат работите беа поинакви. Да, љубовниот живот на Бриџит беше полн со настани и случки како и секогаш, но таа веќе не беше опседната со својата тежина.

Во интервју за „Дејли телеграф“ Зелвегер рече очекувала дека треба повторно да се здебели за филмот, но режисерката Шерон Мегваер сакала Бриџит да биде во фаза од својот живот кога ја постигнува идеалната тежина.

„Шерон веруваше дека можеме да покажеме дека Бриџит ја постигна својата идеална тежина, но во исто време тоа не значеше дека нејзиниот живот е совршен “, рече Зелвегер.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Соло патник откри пет европски градови каде што не се чувствува безбедно

Што значи црниот прстен на десната рака? Поранешна вработена открива детали од крузерите

Дневен хороскоп за 17 февруари 2026