Утрински Весник
Свет

(Видео) Започна повлекувањето на руските трупи од Крим

(Видео) Започна повлекувањето на руските трупи од Крим
Dik 300x250 mk

Русија го започна повлекувањето во постојаните бази на воените сили кои беа ангажирани во воени вежби на југот на земјата, на границата со Украина.

„Во согласност со упатствата на рускиот министер за одбрана, генералот на армијата Сергеј Шојгу, силите на јужниот воен округ и воздухопловните сили, вклучени во случаи на ненадејна инспекција, започнаа да се враќаат во своите постојани бази на 23 април“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Министерството објави дека воените единици и формации во моментов се движат кон железничките станици и аеродромите и дека тие се качуваат на бродови и авиони на воено-транспортната авијација, пренесува ТАСС.

Полигонот „Опук“ на Крим вчера беше централно место на воените вежби, во кои учествуваа повеќе од 10.000 војници.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим