Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Запленети два килограми хероин при контрола на автобус на туристичка агенција од Скопје

(Видео) Запленети два килограми хероин при контрола на автобус на туристичка агенција од Скопје
300x250 opst2

Вчера во 19.00 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишиле од слобода Ј.Ф.(31) од с.Никиштани, скопско и А.Б.(18) од Република Хрватска, со што е пресечен меѓународен транспорт на хероин наменет за Р.Хрватска.

Имено, при контрола на автобус на туристичка агенција од Скопје, полициските службеници во координација со мобилен тим од Царинската управа, во багажот пронашле и одзеле околу два килограми хероин, со кој била исполнета амбалажа на разновидни прехранбени продукти.

По преземени дополнителни мерки и оперативни проверки утврдено е дека македонскиот државјанин Ј.Ф. е сторител на кривичното дело по член 215 од Кривичниот законик и против него денеска СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово ќе поднесе кривична пријава.

Можете да прочитате

Во Струга уапсени три лица за нелегален превоз на огревни дрва

ВЛЕН: “Скенерот” што го бара Али Ахмети е се вика Артан нон грата Груби!

Гичев: ДПМНЕ ги изневери граѓаните, време е за нова позитивна енергија и прогрес во Свети Николе