Во украинскиот град Луцк, човек вооружен со експлозив и оружје зел како заложници 20 патници од автобус, објави полицијата од регионот Волин.
Центарот на градот е затворен за сообраќај, јавува руската телевизија „Звезда“.
Началникот на регионалната полиција, Јуриј Крошко, изјави дека засега нема информации дека некој е повреден.
Напаѓачот ги поставил своите барања на својот профил на Твитер.
„Социјалните мрежи во моментов се следат. Нема никакви барања на неговиот налог. Само општи фрази. Ние сè уште проучуваме, се обидуваме да преговараме“, рече Крошко.