Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев: Пред законите сите се еднакви без разлика на функцијата

(Видео) Заев: Пред законите сите се еднакви без разлика на функцијата

Порано беше мисловна именка да има истрага против високи функционери, а денеска сите еднакво одговараат пред законите, а истражните органи постапуваат неселективно, без разлика дали станува збор за командир на полициска станица или на било кој друг функционер, потенцираше претседателот на Владата Зоран Заев на пратеничко прашање за акцијата на полицијата во која беше пресечен канал за шверц со забранети супстанци, спроведена во соработка со американската агенција ДЕА.

„ Акцијата беше спроведена според законот и според највисоките стандарди на напредните земји во борбата против криминалот и во соработка со нив. Главниот координатор беше министерот, и да се бара оставка за успешна спроведена акција ниту сакам, ниту помислувам да побарам“, истакна премиерот Заев.

Денеска гарант за транспарентноста и за ефикасноста на нашите политики и акции е будното око на институциите на Владата, рече премиерот, и додаде дека затоа денеска сме на врвот на земјите со најголем напредок во демократијата со што се потврдуваат успешните политики за унапредување на слободата и демократијата како придобивки нотирани во сите меѓународни извештаи.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: ДУИ застана рамо до рамо со Вучиќ и Дачиќ, а обвинува дека Македонија се внесува во „српскиот свет“

Максим Димитриевски е симболот на лажниот патриотизам и профитерството

Синдикатот на полицијата до Собранието достави барање за повисоки плати