Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

Два пријателски и братски народи секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот, Зоран Заев, на почетокот на неговата посета на Софија, Бугарија, за агенцијата „Бгнес“.

„Решението е некаде тука, околу нас. Мора да го најдеме. Секојпат се надевам дека разговорите ќе бидат успешни, но дури и да не успееме овој пат, сепак ќе направиме чекор напред и ќе се надеваме дека ќе успееме следниот пат“, рече Заев пред средбата со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Заев истакна дека мора да се поддржуваме и да си помагаме едни на други. „Мораме да сториме сè за да се поддржуваме и помагаме едни на други. Ние мора да ја поддржиме целокупната иднина на Балканот, а таа е во Европската унија“, додаде тој.

Заев придружуван од вицепремиерот, Никола Димитров, и од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се во посета на Софија.

Како што соопштија од Владата, целта на посетата е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Македонија.

Премиерот и владината делегација ќе имаат средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии.

Можете да прочитате

Велосипедска тура во сеќавање на жртвите во „Пулс“

Вечерва девојка падна од зграда во Тетово

(ВИДЕО) Репортажа од која срцето ќе ви заплаче