Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев: Направен е голем исчекор во македонско-бугарскиот пријателски дијалог

(Видео) Заев: Направен е голем исчекор во македонско-бугарскиот пријателски дијалог

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на покана на австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

На конференцијата, Заев информираше дека во, како што кажа, македонско-бугарскиот пријателски дијалог, е направен голем европски исчекор и изрази силно уверување дека низ овој процес, наскоро, Западен Балкан на Европа ќе ѝ донесе нова позитивна вест.

„Ја враќаме довербата меѓу двете држави и меѓу нашите многу блиски, би рекол братски народи. И барам поддршка од сите вас на тој пат. Европската перспектива мора да го победи евроскептицизмот“, подвлече премиерот.

Истакнувајќи ја политичката поддршка за политиката на проширување и јасната перспектива на ЕУ за Западен Балкан, Заев подвлече:

„Во таа насока, сега е многу важно и во пресрет на конференцијата ‘Иднината на Европа’ политичките гласови за вредностите на обединета Европа, како во земјите-членки на ЕУ, така и во земјите за проширување да бидат многу погласни“.

Премиерот повтори дека Северна Македонија е јасен пример за тоа дека европската перспектива е силна и јасна порака која има големо значење за одржување и засилување на темпото на спроведување на реформите во државата, кои носат конкретни придобивки на граѓаните и го подобруваат квалитетот на животот.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер