Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев: В недела гласајте за прогресивни, демократски сили, а не за режимски кадри

(Видео) Заев: В недела гласајте за прогресивни, демократски сили, а не за режимски кадри

Недела 31 октомври е важен ден, пред нас е вториот круг од локалните избори, а во оваа кампања јасно видовме кои се концептите, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во своето обраќање до гласачите.

„Едниот е нашиот, концепт на инвестиции во локални проекти, на поголеми плати и пензии, на грижа за сите. Другиот концепт е оној на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ, сега и официјално поддржана од Левица. Концепт кој носи поделби, омраза, меѓуетнички тензии и пљачкање на народните пари. На едната страна ние, обединети прогресивни и демократски сили, подготвени да водат напред, на другата страна стари режимски кадри кои сакаат да ги вратат државата и општините назад“, истакна Заев.

Како што нагласи тој, лагите, заканите и омразата не смеат да бидат наше секојдневие.

„Затоа е потребно обединување. Секој поединец мора да даде свој придонес во одлуката да продолжиме напред. В недела кога сте сами зад параваните на гласачките места донесете ја најдобрата одлука за вас, за вашето семејство, за вашата општина, за вашата држава. Заокружете го бројот 12! Потврдете дека нашите општини, нашата заедничка татковина продолжуваат по исправниот пат“, порача лидерот на СДСМ.

Можете да прочитате

Петрушевски: Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски

СДСМ: Има ли „Алказар Енерџи”одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Околу еден час се чека на ГП Богородица и Дојран, а 40 минути на Табановце