Демократите и републиканците во американскиот Сенат се согласија денеска дека сведоците нема да бидат изведени на судењето на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, но изјавата за телефонскиот повик на Трамп со водечкиот републиканец Мекарти за време на нападот врз Капитол ќе биде прифатена како доказ.
BREAKING: Senate votes 55-45 to allow witnesses and more evidence for Trump impeachment case, slowing the progression of a trial that could have concluded Saturday. Five Republicans voted yes, including Lindsey Graham, who switched from an initial no vote https://t.co/3HfaYxaxQC pic.twitter.com/flGv46j7AX
— CBS News (@CBSNews) February 13, 2021
Договорот следеше по хаотичното гласање на кое повикот на сведоци беше прифатен со 55 наспроти 45 гласови, што може да го продолжи судењето за неколку недели, да ги засили поделбите и да ги поткопа напорите на претседателот Џо Бајден да се тргне од контроверзите на неговиот претходник.
Сенатот, адвокатите на Трамп и членовите на Претставничкиот дом, кои делуваат како обвинители, подоцна се согласија дека, наместо повикување сведок, изјавата на републиканката Џејми Херера Батлер, за телефонски повик од Трамп и водечкиот републиканец во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, да биде прифатена во доказ.
„ Па, Кевин, се чини дека тие луѓе повеќе се грижат за изборите отколку вие“, рече Бјутлер, цитирајќи го Трамп. Според неа, Трамп првично негирал дека неговите приврзаници биле вклучени во нападот, тврдејќи дека станува збор за толпа од редовите на левичарската Антифа, која Мекарти ја отфрлил како лажно тврдење.
Батлер е една од десетте републиканци кои минатиот месец гласаа со демократите во Претставничкиот дом за да го потврдат обвинението против Трамп.
Веста за тој телефонски повик се појави неколку часа пред судењето на Трамп кое требаше да продолжи во сабота пред Сенатот кој е поделен околу тоа дали поранешниот претседател треба да биде прогласен за виновен за поттикнување на востанието.
Откако се согласија да ја признаат изјавата како доказ, двете страни имаат по два часа да ги изнесат своите аргументи пред сенаторите да гласаат дали да го осудат Трамп.