Утрински Весник
Македонија

(Видео) Жугиќ: Шилегов да каже дали зад уривањето на Универзална се крие план за изградба на згради

(Видео) Жугиќ: Шилегов да каже дали зад уривањето на Универзална се крие план за изградба на згради
Dik 300x250 mk

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, треба да ѝ одговори на јавноста дали зад рушењето на Универзална сала се кријат и некои бизнис интереси, изјави Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, локацијата на салата е во истата градска четврт во која се наоѓа и кругот на поранешната фабрика Треска, каде со измена на градежниот урбанистички план се планира да се изградат 50 нови згради. За да може стамбениот комплекс да се реализира ќе треба да биде застапен и соодветен процент на зеленило, па можеби ете процентот ќе биде исполнет со паркот на местото на концертната сала? Дали Универзална Сала станува жртва на бизнис интересите на градската и извршната власт“, праша Жугиќ.

Господине Градоначалник, додаде таа, Скопјани не се согласуваат и апелираат да ја повлечете одлуката за уривањето на Универзална сала.

„Наместо уривање, Скопје и Скопјани заслужуваат грижа и работа, проекти и капитални инвестиции преку кои Градот Убав ќе се развива како европска метропола“, кажа Жугиќ.

Шилегов, пак, претходно, соопшти дека досега никој нема донесено каква било одлука за Универзална сала.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

73-годишна жена уапсена во Неготино, си го запалила домот

Преку ден облачно со сонце, од вечер повторно дожд

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче