Утрински Весник
Свет

(Видео) Жителите на Луизијана се подготвуваат за најсилниот ураган од 1850 година

(Видео) Жителите на Луизијана се подготвуваат за најсилниот ураган од 1850 година

Ураганот Ида се приближува до Луизијана, САД. Според американските медиуми, Луизијана кон крајот на денот ќе биде погодена од силата на „големиот и крајно опасен ураган“.

Американскиот национален центар за мониторинг на урагани објави дека ураганот се засилил до категорија 4 (од максимум 5). Ветрот дува со брзина од 209 километри на час и е на пат кон Њу Орлеанс.

Ураганот Ида ќе стигне на американско тло на 16-годишнината од катастрофалниот удар на ураганот Катрина, кој поплави 80% од Њу Орлеанс, остави 1.800 жртви и предизвика штета од повеќе милијарди долари.

„Жителите на Луизијана имаат време до вечер да се подготват за ураганот Ида“, препорача гувернерот на јужната држава, Џон Бел Едвардс, предупредувајќи на „тешки последици“.

„Ова ќе биде најсилниот ураган што ќе ја погоди Луизијана од 1850 година. Се ближи вашето време за бегство. Брзо се приближува. И, како што реков вчера, кога ќе легнете вечерва, бидете подготвени и бидете таму каде што планирате да се справите со бурата за време на ударот“, рече гувернерот.

Претходно, американскиот претседател, Џо Бајден, одобри вонредна состојба во Луизијана.

Ураганот вчера ја премина западна Куба.

Можете да прочитате

Се преврте туристички брод со 53 патници во Виетнам – Досега се потврдени 28 жртви

Mожен е воен конфликт со Русија и Кина во 2027 година, тврди командант на НАТО

Австралија испорача тенкови „Абрамс“ до Украина