Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Жена со ментално растројство фрлила дете во кафез со мечки

(Видео) Жена со ментално растројство фрлила дете во кафез со мечки
300x250 opst2

Безбедносните камери на зоолошката градина во Узбекистан го снимиле моментот кога мајка ја фрла својата тригодишна ќерка во кафез со мечки.

На видеото се гледа како маж се обидува да спречи жена да го стори тоа, но таа го испушта детето.

Страшниот инцидент се случил во петокот, околу пладне. Посетителите со страв гледале како огромно животно трча во правец на девојчето кое било фрлено во кафезот, но за чудо мечката не го нападнала детето.

Мечката по име Зузу го намирисала девојчето, а потоа си заминала. Чуварите веднаш ја намамиле мечката во затворениот дел од кафезот и ја заклучиле, а потоа спасувачите притрчале да го доведат девојчето.

https://www.youtube.com/watch?v=N02f76pecvU

– Луѓето се обиделе да ја спречат мајката да го фрли детето во кафез, но не успеале. Детето паднало во каналот покрај оградата. Мечката веднаш истрчала да ја намириса, но потоа се свртела и заминала – изјавил портпаролот на зоолошката градина.

Девојчето при падот се здобило со тешки телесни повреди, но опасното животно кое било во кафезот не и нанело никакви повреди.

-Детето падна од висина од пет метри и се здоби со повреди на главата. Таа не е опасна по живот, но нејзината состојба интензивно се следи – соопштија надлежните.

Доколку мајката биде осудена, ѝ се заканува затворска казна до 15 години. Се уште не е познато зошто го фрлила детето кај мечките.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа