Утрински Весник
Свет

(Видео) Железничка несреќа во Германија – најмалку тројца загинати и над 60 повредени

Dik 300x250 mk

Најмалку тројца патници загинаа во железничка несреќа што утрото се случила на југот на Германија, а голем дел од нив се тешко повредени. Несреќата се случила околу пладне во близина на Гармиш-Партенкирхен, кога регионален воз полн со патници излетал од шините.

Според полицијата, покрај тројцата загинати, повредени се над 60, од ​​кои 16 потешко. Според очевидци, неколку вагони се превртеле и се лизнале по железничкиот насип. Меѓу патниците имало и многу деца. Возот сообраќал на линијата Гармиш-Партенкирхен – Минхен.

На пожарникарите им помогнаа и припадниците на Бундесверот кои се стационирани во овој дел на Германија, поради претстојниот самит на Г7 во блискиот Елмау.

Истовремено, во средата во Германија почна продажбата на месечни билети од девет евра, кои важат за локалните возови ширум земјата, што веќе предизвика невообичаено голем метеж во локалните и градските возови, особено во туристичките атрактивни области.

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан