Утрински Весник
Свет

(Видео) Ердоган на чело на првата молитва во Аја Софија, пред објектот се собраа илјадници верници

(Видео) Ердоган на чело на првата молитва во Аја Софија, пред објектот се собраа илјадници верници

Илјадници муслимнски верници денеска се упатија кон обележјето на Истанбул, Аја Софија, за да учествуваат во првите молитви по 86 години во објектот кој неодамна беше музеј, а бил изграден како една од најзначајните катедрали на христијанскиот свет.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган присуствува на инаугуративните молитви во споменикот од шестиот век, заедно со околу 500 достоинственици, откако тој се пофали дека го исполнил она што го опиша како сон на неговата генерација.

Илјадници мажи и жени, вклучително и многумина кои допатувале од цела Турција, одржуваат молитви во обележани области надвор од Аја Софија. Повеќе верници преку ноќ кампуваа во близина на објектот.

Во меѓувреме, водачите на православната црква во Грција и во Соединетите Држави најавија ден на жалост поради муслиманските молитви во Аја Софија.

Во пресрет на првата молитва подот околу објектот беше покриен со тепих избран од Ердоган, а мозаиците што претставуваат христијански симболи се покриени со завеси за време на молитвата.

Надвор од „Аја Софија“ властите ги одбележаа местата за молитва, а како што беше најавено, настанот наводно е обезбедуван од 17.000 службени лица.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во Бејрут (ВИДЕО)

Исламскиот проповедник во Велика Британија осуден на доживотен затвор за терористичка активност

Камала Харис започна рекламна кампања од 50 милиони долари во претседателската трка во САД