Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Емотивно во Брисел на последниот самит на Меркел – канцеларката испратена со овации

(Видео) Емотивно во Брисел на последниот самит на Меркел – канцеларката испратена со овации
300x250 opst2

Лидерите на ЕУ собрани на самитот во Брисел со внатрешна церемонија се простија од Ангела Меркел, за која ова беше последен европски самит на позицијата германска канцеларка.

Меркел, за која ова беше 107-от самит на ЕУ, беше придружена со аплауз од највисоките претставници на земјите-членки и институциите на ЕУ.

„ Самитот на ЕУ без Ангела Меркел ќе биде како Рим без Ватикан или Париз без Ајфеловата кула“ – изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Тој ѝ рече на Ангела Меркел дека ќе им недостасува нејзината мудрост, особено во сложени ситуации.

Како посебни квалитети на германската канцеларка, Мишел ги спомена научното размислување, интелектуалната љубопитност, присебноста и едноставноста.

„ Не оставаш нас. Вашиот дух и искуство остануваат со нас“ – порача Мишел.

Како симболичен подарок за збогум, германската канцеларка во заминување доби уметничка презентација на зградата „Европа“, каде се одржуваат состаноците на лидерите на ЕУ.

Можете да прочитате

Цените на нафтата паѓаат по вестите за изгледите за прекин на огнот во Газа

Земјотрес од 6,9 степени ги погоди Филипини, најмалку 69 загинати меѓу кои и деца во спортска сала

Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго е повредено