Бродската компанија „Хафнија“ со седиште во Сингапур соопшти дека нејзиниот танкер „BW Rhine“ бил погоден од неидентификуван проектил при истовар на гориво.
Проектилот предизвикал пожар, додека танкерот бил во саудиското пристаниште Џеда.
Бродот бил погоден од проектил истрелан од непозната локација околу 40 минути по полноќ и предизвикал пожар, наведуваат од компанијата, пренесува „Ројтерс“.
„Можно е да има истечено малку нафта од цистерната, но контролните мерења кои беа извршени по гасењето на пожарот покажаа дека количината на нафта по експлозијата е идентична со натоварената количина“, се вели во соопштението на компанијата.
Explosion at the Saudi Arabian port of Jeddah#SaudiArabia pic.twitter.com/ucsNLKB2zs
— Shahara Islam Fatema (@S_I_Fatema) December 14, 2020
На 6 декември околу 60.000 тони гориво, или 68 проценти од капацитетот на бродот, беа натоварени на цистерната во пристаништето Јанбу.
Ниту една група не презеде одговорност за наводниот напад, но познато е дека неодамна бунтовниците Хути од соседен Јемен ги интензивираа прекуграничните напади врз саудиските цели, бидејќи Ријад спроведува воена кампања против нив веќе пет години.
Бродската компанија објави дека пожарот е изгасен и дека помошта е пружена од противпожарната бригада од брегот, пренесе АФП.