Утрински Весник
Свет

(Видео) Експлозија на брод со азотна киселина во близина на Шри Ланка

(Видео) Експлозија на брод со азотна киселина во близина на Шри Ланка

Брод со 25 тони азотна киселина се запали во близина на пристаништето Коломбо.

Бродот кој превезувал контејнери а кој патувал од Индија до Шри Ланка, бил потресен рано утрово од силната експлозија.

Шри Ланка распореди авиони и поморски бродови за да помогне во гаснењето на пожарот.

Утрово, бродот претрпе експлозија, целата екипа е евакуирана, а најмалку осум контејнери, за кои се претпоставува дека содржат киселина, се излеале во морето, соопштија официјални лица.

Властите издадоа забрана за пливање во близина на несреќата.

Можете да прочитате

Трамп размислува за ограничен напад врз Иран

Српската полиција заплени 50 килограми марихуана во камион од Унгарија

Вонредна состојба во Марибор поради снежното невреме