Утрински Весник
Свет

(Видео) Еврејско училиште хакирано со вознемирувачки нацистички слики и антисемитски навреди

(Видео) Еврејско училиште хакирано со вознемирувачки нацистички слики и антисемитски навреди

Веб-страницата на едно ортодоксно еврејско средно училиште во Лонг Ајленд, Њујорк, била хакирана и исполнета со антисемитски фотографии, вклучително и свастики и фотографии од нацистички војници што маршираат и расни навреди, пренесува РТ.

За време на ужасниот кибернапад, кој траел неколку часа во понеделникот, средното училиште „Норт шор хебрејска академија“ било преименувано во „Норт шор хебрејски логор на смртта“.

Непрофитната фондација StopAntisemitism.org сподели неколку вознемирувачки фотографии објавени на веб-страницата, вклучително и војници на СС што маршираат, погрдни имиња за Евреитеи детска песна што била изменета за да вклучува потсетување на озглогласениот концентрационен логор „Аушвиц“ во кој беа убиени повеќе од  1,1 милиони луѓе.

„Згрозени сме што хакерите нападнаа еврејско училиште и ги изложија децата на ужасни нацистички фотографии и пораки. Многу од овие тинејџери се потомци на преживеани од холокаустот и генерациската траума често се активира кога ќе се случат вакви настани“, вели Лиора Рез, директор на StopAntisemitism.org.

Да бидат работите уште полоши, личните информации на студентите и наставниците на академијата, вклучувајќи имиња, адреси и податоци за кредитни картички, исто така беа објавени на интернет од страна на хакерите.

До понеделникот попладне веб-страницата на училиштето беше падната, а единствената преостаната видлива содржина беше пораката: „Во тек се промени. Ве молиме проверете наскоро“. Хакирањето се случило среде прославата на еврејскиот празник Ханука, што почна во четвртокот на 10 декември и ќе трае до петок на 18 декември.

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија