Таа е самохрана мајка на две ќерки, Олив и Френки.
А во понеделникот Дру Баримор се расплака кога нејзините мали девојчиња ѝ посакаа среќен роденден во текот на една многу посебна епизода од нејзиното дневно ток-шоу.
Кога гостинката водителка Савана Гатри најави дека осумгодишната Олив и шестгодишната Френки снимиле порака за неа, Дру ги стави рацете на лицето и се расплака.
Девојчињата зборуваат во краток анимиран клип во кој се појавуваат како мачки.
„Здраво мама! Олив и јас сакавме да ти испратиме специјална порака на твојот роденден, па еве“, започна Френки. Потоа тие ја искажаа својата почит кон својата мајка, поранешната детска sвезда и популарна актерка, која во понеделникот наполни 46 години.
„Те сакаме повеќе од верверички и бисери или јадење сирење на ветре. Те сакаме повеќе од држење за раце или лулање на трапез“, рекоа девојчињата.
И на крајот Френки вели: „Остана уште нешто. Ти си најдобрата мајка на светот. Среќен роденден!“
Дру ги дели своите ќерки со поранешниот сопруг Вил Копелман од кого се разведе во 2016 година по четири години брак.
Неколку селебрити пријатели од нејзината четиридецениска холивудска кариера исто така испратија честитки за роденденот или снимки.
Камерон Дијаз, Стивен Спилберг и Дејвид Летерман сите ја изненадија Дру во шоуто, потсетвајќи ја на нејзините најнезаборавни моменти.