Утрински Весник
Свет

(Видео) Дрон сними 200 луѓе како лудуваат на нелегална корона-забава во Англија

(Видео) Дрон сними 200 луѓе како лудуваат на нелегална корона-забава во Англија

Околу 200 луѓе беа откриени во Манчестер на нелегална забава среде пандемијата на коронавирусот.

Според медиумите, посетителите почнале да фрлаат предмети кон полициските службеници кои дошле да извршат рација.

„Скај вести“ наведува дека локалниот суд донел одлука со која во наредните три месеци на граѓаните им се забранува да бидат во куќата каде што се организирала забавата, освен ако не станува збор за сопственик на имотот и станар.

Организаторот на забавата, 27-годишна жена, е казнета со 110 евра.

Инспекторот на локалната полиција Џим Адамс изјави дека тоа е неприфатлив и неразумен инцидент.

„Јас разбирам дека ова е фрустрирачко време, затоа што многумина од нас сакаат да ги видат своите најблиски, но мора да продолжиме да се придржуваме кон препораките на надлежните органи. Рациите се последното средство на кое прибегнуваме, а затворањето на оваа куќа е предупредување дека полицијата ќе реагира доколку е потребно“, рече Адамс

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата