Утрински Весник
Магазин

(Видео) Драма со Хју Грант и Никол Кидман во најава

(Видео) Драма со Хју Грант и Никол Кидман во најава

Лимитирана драмска серија од шест епизоди  The Undoing, најнов проект на сценаристот на Big Little Lies („Големите мали лаги“)  Дејвид  Кели, наскоро ќе почне да се прикажува на “ХБО макс“.

Никол Кидман, Хју Грант и Доналд Сатрленд се во главните улоги на драмата во најава  – сторија за жена чиј живот и успешна кариера на психијатар почнува да се распаѓа кога нејзиниот сопруг исчезнува, а на површина излегуваат тајните за неговиот вистински идентитет.

Драмата-мистерија е телевизиска адаптација на популарниот роман „Требаше да знаеш“ (You Should Have Known) на американската писателка Џин Харф Корелиц. Сценариото е на Дејвид Кели, со кој Кидман веќе соработуваше во серијата Big Little Lies.

Премиерата првично беше закажана за август, но одложена поради пандемијата на Ковид-19. Драмата пристигнува на „ХБО макс“ на 25 октомври.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лазаров најавува второ издание на Lazarov Awards во засилување со Игор Џамбазов

Дневен хороскоп за 05 март 2026

Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници