Утрински Весник
Свет

(Видео) Драматични снимки од илјадници мигранти на границата на Белорусија и Полска кои сакаат да влезат во ЕУ

(Видео) Драматични снимки од илјадници мигранти на границата на Белорусија и Полска кои сакаат да влезат во ЕУ

Илјадници луѓе минуваат низ Белорусија, која е обвинета дека им дозволува на мигрантите да стигнат до границата на ЕУ како одмазда за економските санкции, пренесуваат руските агенции.

Според новинарските извештаи, Полска ги мобилизира своите територијални одбранбени сили за да им помогне на граничните контроли да ја спречат групата да влезе во ЕУ бидејќи се плаши од насилен конфликт.

Со војници од двете страни на границата и илјадници очајни лица да ја преминат истата, хуманитарната ситуација ризикува да излезе од контрола, пишуваат информативните гласила.

https://www.youtube.com/watch?v=Lnne-viqOD4

Во написите стојат анализи дека Белорусија сака да предизвика голем инцидент, можеби со пукотници и жртви. Според извештаите на медиумите, тие подготвуваат голема провокација и дека ќе има обиди за масовно преминување на границата – изјави полскиот заменик министер за надворешни работи Пјотр Ваврзик за полското јавно радио.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како голем број луѓе пешачат по автопатот кон границатa.

Еден полски министер проценил дека масата броела 12.000 луѓе, но тоа според него не може со сигурност да се потврди.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70