Утрински Весник
Свет

(Видео) Докторка од Нови Сад со расистички навреди кон студентка од Ирска: Ти си црна крава

(Видео) Докторка од Нови Сад со расистички навреди кон студентка од Ирска: Ти си црна крава

 

Додека светот го тресат протести поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, во Србија се случи инцидент, во кој докторка употреби расистички навреди кон студентка од Ирска.

Инцидентот е снимен и објавен на социјалните мрежи, а се случил додека двете биле во лифт во Нови Сад. Како што тврди лицето што го објави видеото на Фејсбук, разговорот е меѓу професорка на Медицинскиот факултет во Нови Сад и студентка од Ирска. Самата студентка го снимила овој разговор.

„ Излези надвор бидејќи сега е корона“ вели докторката на англиски јазик.

„ Бев веќе и со други луѓе во лифт“ одговорила збунето студентката, но докторката ја прекинува на сред реченица: „Ова е закон во нашата земја“.
По размена на псовки, се чинело дека ситуацијата се смирила, додека во лифтот не влегол уште еден човек.

„ А со него немаш проблеми?“ прашала студентката, на што докторката одговорила потврдно, додавајќи: Со тебе имам проблеми.

А кога студентката ја прашала зошто има проблеми со неа, докторката смеејќи се и` рекла : „ Зошто си црна крава“ мешајќи англиски со српски јазик.

Снимката завршува со студентката која вели: „ Не знам зошто дојдов во оваа земја, ова е ужасно“.

Текстот (Видео) Докторка од Нови Сад со расистички навреди кон студентка од Ирска: Ти си црна крава е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа