Утрински Весник
Свет

(Видео) Десетици повредени и уапсени во судирите меѓу еврејските и арапските екстремисти во Ерусалим

(Видео) Десетици повредени и уапсени во судирите меѓу еврејските и арапските екстремисти во Ерусалим

Десетици апсења беа извршени по немирите и судирите во центарот на Ерусалим, каде што еврејските и арапските демонстранти им се спротивставија на безбедносните сили, а се судрија и меѓусебно додека полицијата се бореше да ги држи раздвоени, пренесува „Џерусалем пост“.

Окружната полиција во Ерусалим присуствуваше во огромен број во градот од синоќа до изутрина додека траело насилството предизвикано од еврејските учесници во маршот низ Ерусалим, од кои дел заканувачки скандирале „Смрт за Арапите“ и „Да ви изгори селото“, според извештаите на локалните вести.

Најмалку 79 лица биле уапсени во текот на ноќта, меѓу кои и петмина Израелци, за сомнително однесување, од кои дел биле вооружени со чекани и со други импровизирани оружја, објави „Хаарец“, а десетици други биле приведени во судирите со полицијата и со другите спротивставени демонстранти.

И еврејските и арапските демонстранти, наводно, фрлале камења и запаливи средства кон полицијата. Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажауваат голем број сцени од судирот, вклучително и кога полицијата употребила шок-бомби и топови со смрдливо средство (сканк) врз народот. Присутни биле и полицајци на коњи.

Други непотврдени снимки покажуваат напад врз арапско домаќинство од страна на еврејска група, во кој луѓето фрлаат предмети кон домот, а на друг клип се гледа како демонстрант удира полицаец со камен.

Демонстрантите запалиле и огнови на улиците, при што настрадало едно возило, а уништена и запалена е безбедносна камера поставена од градските власти.

Според локалниот радиодифузер „Кан њуз“, дел од присутните Израелци биле поврзани со организацијата „Лехава“, милитантно десничарско движење кои жестоко се спротивставува на еврејско-арапската интеграција.

Лидерот на „Лехава“, Бен-Сион Гопштајн, присуствуваше на маршот во четвртокот, при што изјавил: „Дојдовме овде вечерва за да му разјасниме на секој што мисли поинаку: Ерусалим е наш!“

Иако се чини дека полицијата презела мерки за запирање на израелските активисти, шефот на израелската партија „Арапска заедничка листа“, Ајман Одех, ги доведе во прашање намерите на безбедносните сили, тврдејќи дека им овозможиле на екстремно десните демонстранти агресивно да се однесуваат.

Можете да прочитате

Нов силен земјотрес регистриран во југоисточен Авганистан

Вашингтон ја тужи администрацијата на Трамп поради распоредување на Националната гарда

Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба