Утрински Весник
Свет

(Видео) Демонстранти ја запалија зградата на поранешниот парламент во Австралија

(Видео) Демонстранти ја запалија зградата на поранешниот парламент во Австралија

Зградата на поранешниот австралиски парламент утрово била запалена за време на протестот во Канбера, јавува Би-би-си.

Нема повредени во пожарот што ги зафати вратите на поранешниот парламент.

Пред оваа зграда со денови се протестира за правата на Абориџините, домородните жители на Австралија.

Насилството на протестите во Австралија е ретко, иако имаше малку повеќе насилни протести од вообичаено за време на пандемијата на коронавирус.

Работниците во зградата, која е претворена во Музеј на австралиската демократија, беа евакуирани набргу откако беше запален влезот на поранешниот парламент.

Владините претставници го осудија палењето на протестот, а неколкумина го опишаа инцидентот како „напад врз демократијата“.

„Палење на зграда не е легален начин за протестирање, тоа е кривично дело и сериозно“, напиша вицепремиерот Барнаби Џојс на Твитер.

Полицијата го истражува инцидентот.

Можете да прочитате

Сијарто признава дека се слушал со Лавров за време на клучни состаноци на ЕУ – тоа е дел од дипломатијата

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран