Утрински Весник
Свет

(Видео) Демонстранти упаднаа во парламентот во Либија, се протестира и против големите цени на струја

Демонстранти упаднаа во парламентот во градот Тобрук на истокот на Либија и наводно запалиле дел од зградата на собранието, јави денеска Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Фотографиите објавени на интернет покажуваат густи облаци од чад додека демонстрантите палат гуми на улица, пишува медиумот.

Протести се одржаа и во други либиски градови поради постојаните прекини на струја, зголемените цени и политичкиот ќорсокак, а во главниот град Триполи, каде што политичките ривали се во владата, демонстрантите бараат предвремени избори. Тоа барање го поддржа и шефот на привремената влада, Абдул Хамид Дбеибах, кој изјавил дека е неопходно да се сменат сите институции во земјата.

Протестите во Либија започнаа еден ден откако преговорите за изборите во Женева со посредство на Обединетите нации завршија без видлив напредок.

Либија е во хаос од бунтот поддржан од НАТО во 2011 година против долгогодишниот шеф на државата, полковникот Моамер ел Гадафи, анализираат медиумите.

Оваа земја богата со нафта е клучна како почетна точка за илјадници бегалци кои сакаат да стигнат до Европа.

Либија порано имаше висок животен стандард, еден од највисоките во Африка, со бесплатно здравство и бесплатно образование.

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци