Во протестите што избувнаа во американската сојузна држава Висконсин, изгореле голем број возила на плацот на еден продавач на половни автомобили.
Стотици граѓани излегле на улиците во градот Кеноша, Висконсин поради убиството на Афроамериканецот Џејкоб Блејк.
https://www.youtube.com/watch?v=-yXSQUhryYw
Неколку полициски возила биле запалени во немирите, а дошло и до судир меѓу демонстрантите и полицијата.
A look at the car lot we saw on fire around 3 this morning. (About a block from the Kenosha courthouse). @fox6now pic.twitter.com/NI0bJOvIn5
— Cassidy Williams (@CassidyWtv) August 24, 2020
Демонстрантите го изразиле својот гнев на еден плац за продажба на половни возила, каде што, според сопственикот, имало 130 автомобили, од кои речиси 100 биле запалени во немирите.
Повеќето од запалените половни автомобили се вели дека вределе помалку од 10.000 долари, но имало и луксузни модели, како што се Range Rover, Mercedes S-Class и неколку BMW од серија 5.