Утрински Весник
Свет

(Видео) Деветмина работници заглавени во голем пожар во хидроцентрала во Индија

(Видео) Деветмина работници заглавени во голем пожар во хидроцентрала во Индија

Спасувачки екипи биле повикани откако во подземен објект на хидроцентрала во Индија биле пријавени експлозија и пожар, а се верува дека девет луѓе се заглавени во објектот, пренесува РТ.

Според локалните медиуми, во четвртокот вечерта избувнал пожар во подземна централа кај браната „Шрисаилам“ во државата Телангана.

Видеата од местото на несреќата покажуваат дека инженерите со противпожарни апарати брзаат да изгаснат пожар што беснее во една од единиците за напојување.

Првичните извештаи велат дека пожарот можеби го предизвикал краток спој. Спасени се вкупно 10 лица, од кои шестмина се хоспитализирани.

Министерот за енергетика во Телангана, Гунтакандла Џагадиш Реди, изјави дека девет лица сè уште се заглавени внатре, а напорите за спасување се спречени од густиот чад во објектот.

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија