Утрински Весник
Свет

(Видео) Двe белоруски новинарки осудени на две години затвор поради известување за демонстрации

(Видео) Двe белоруски новинарки осудени на две години затвор поради известување за демонстрации

Две белоруски новинарки се осудени на две години затвор за известување за протестот на опозицијата во 2020 година во Белорусија, објави редакцијата на каналот „Белсат“ за кој работат.

На 15 ноември полицијата ги уапси Дарија Кулчова (23) и Катерина Бахвалова (27), дописнички на опозицискиот канал со седиште во Полска.

Тие се обвинети за поттикнување на населението на незаконски демонстрации со нивното известување.

Илјадници Белоруси протестираа во Минск и му оддадоа почит на опозиционерот Роман Бондаренко, кој почина по апсењето.

Белорусија е погодена од политичка криза од претседателските избори на 9 август, кога започнаа масовни антивладини протести низ целата земја, иницирани од официјалните резултати од гласањето, според кои долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите.

Противниците на Лукашенко тврдат дека изборите биле украдени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шефот на Гугл предупредува: „Ниедна компанија нема да биде имуна“ ако пукне балонот со вештачката интелигенција

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

ЕУ ќе креира онлајн платформа за регрутирање работници од трети земји