Утрински Весник
Свет

(Видео) Две торнада во Вашингтон

(Видео) Две торнада во Вашингтон
Dik 300x250 mk

Националната метеоролошка служба на САД потврди дека Вашингтон бил погоден од две торнада, од кои едното поминало во близина на Белата куќа.

Според федералната метеоролошка служба, торнадо со јачина Ф1 со брзина на ветровите од 150 километри на час се формирало во округот Арлингтон, Вирџинија, во 21 часот во четвртокот и го преминал градот Рослин и реката Потомак пред да се распрсне во Националниот трговски центар, голем парк во центарот на Вашингтон. Неколку моменти порано, на телефоните на жителите се огласило итно предупредување за торнадо, барајќи од нив веднаш да се оддалечат.

Торнадото беше широко 114 метри, и поминало патека долга околу седум километри помеѓу споменикот на Вашингтон и Белата куќа.

Истата бура произвела уште едно торнадо, оценето како малку послабо F0 со ветер од 130 километри на час, што се сруши неколку минути подоцна во источен Вашингтон.

Ова торнадо било широко 68,5 метри и минувало по патека од околу 1,2 километри низ, претежно станбени населби.

 

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим