Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Две деца во Франција скокнале од третиот кат за да се спасат од пожар

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)
Img 7972

Двајца браќа во вторникот скокнале од прозорец на висина од десет метри и на тој начин се спасиле од пожар што зафатил дел од станбена зграда во францускиот град Гренобл.

Момчињата на возраст од 10 и 3 години беа пречекани и фатени од станари на зградата, а браќата минале без повреди, освен тоа што имале вдишано чад, пишува „Еј-би-си њуз“.

На видеото од овој драматичен настан се гледа како постариот брат најпрво да го држи помладиот, а потоа го испушта во рацете на станарите кои подготвено чекале пред зградата. Постариот брат потоа сам скокна од прозорецот и падна во рацете на соседите.

Момчињата биле хоспитализирани заедно со 17 други жители на зградата, јавија локалните медиуми. Четири лица кои ги фатиле момчињата биле однесени во болница за лекарите да проверат дали претрпеле некои скршеници откако ги фатили децата.

Атумани Валид, 25-годишен студент, го скршил зглобот додека помагал се фатат момчињата. Тој рече дека прво слушнал вресоци, а потоа го напуштил станот кога видел дека избувнал пожар во соседниот.

„Не знаевме што да правиме. Се обидовме да ја бутнеме вратата, но не успеавме“, изјавил Валид за „Асошиејтед Прес“.

Тој и уште неколку станари потоа излегле надвор пред зградата и ги повикале момчињата да им скокнат в раце. Валид додаде дека се надева оти неговата вмешаност во спасувањето на момчињата ќе ја промени перцепцијата на некои жители од соседството за опасноста од мигрантите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови

Трамп испрати авиони во венецуелскиот воздушен простор за борба против нарко-картелите

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва